осум (бр.)

„Општата распределба на средствата за производство“, – ете што расте од формална страна, од современите банки, од кои некои три до шест најкрупни банки во Франција, шест до осум во Германија, располагаат со милијарди и милијарди.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Во рацете на картелите и трустовите се концентрирани неретко седум до осум десеттини од целокупното производство на дадената индустриска гранка.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Пред 1900 година имаше осум или седум „групи“ во електроиндустријата, при што секоја се состоеше од по неколку друштва (вкупно беа 28) и зад секоја стоеја од 2 до 11 банки.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
СИМКА: (Влегува од дворот со осум другарки, повикани од Стојчета за свршувачка.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ОСУМТЕ ДРУГАРКИ: (Пеат). Зошто ти се, баш девојко, тие туѓи луѓе?...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Сношти ми се ојагнија осум овци! Една блшни...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Најстариот мавташе со раце и играше околу мене. - Колку се пет и три осум?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Му донесе дедот Петко осум стотини парчиња „мувлосани", да ја прошири Мице трговијата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа вели: нека ми а ариза и ваа нива да не ѝ се стори кедер на детето, — ја плашеше Стале Трна, бидејќи „Даги нива“ беше нива од осум товари семе пченичарка, од која Трна наоѓаше по 50—60 товари пченица, та „сајбијата“ сакаше таа пченичка да се тура во неговите амбари, а не во Трнините.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Премрежје во живот ќе има на дваесет и осум години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
До осум, до состанокот со убавата Швеѓанка Гинел Свенсон; таа ќе нѐ чека во бистрото на дебелата Шпањолка, онде, зад црквата Сен Жермен.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од тоа сликите се распарчија на ситни нејасни делови како искинато писмо развеано на осум страни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Жена ти е трудна веќе осум месеци, а ти за сето време не спиеш, се сушиш, спокојство немаш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А за да им помогнат на старите во терањето на стоката, тие беа повеле со нив и по некое дете од осум до десет години, оти пак за младите беше опасно да слегуваат в град да не ги собере некој од поблиските бегови за работа во својот чифлиг, бидејќи полските работи беа во полн ек, та на беговите им беше потребна работна рака, и тие ја наоѓаа со својата сила кај рајата – христијаните – која не беше уште сопственост на некој од нивните колеги, како што беше овде случајот со слободните Мариовци.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Два човека за еден вол, три жени со пет деца за една крава, а Муарем му даде на Мамута четири девојчиња од по седум-осум години за осум гуски.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога дедото Богдан ја донесе тажната новина за неговото пленување, Анѓа беше малечка, на осум години, но цела година го плачеше и жалеше.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ги држеше палците во џебовите на елекот и удираше со осум прсти по стомачето.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Не можеше веќе исклучиво да се потпира на своите чуда од осумте ридови и на своите ледени патокази?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Осумте чуда на неговите осум ридови дремеа, беа сонливи и без совет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Осум часови работа во оваа влажна дупка ја прави кожата тенка, болно прозрачна, залепена на јаболчните коски.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе