пародичен (прид.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ворхол (2)           Картер Ратклиф             Увод             Конзервите од супи на Енди Ворхол, хамбургерите на Клас Оленбург, стриповите  на Рој Линхтенштајн и пародичните рекламни плакати на Џејмс Розенквист - овие поп-арт слики направија скок и од наглата експанзија на празната американска консументска култура влегоа директно во областа на високата естетика.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 11-12“
        
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          -, дури и кога ќе почне физичкото злоставување, дури и тогаш ќе постои она што се нарекува сингуларитет и отпор, сеедно каде е манипулациското тежиште и сеедно колку дуелот во суштина е нерамноправен, и во двата смисла; повторувам, сметајте го ова како еден залажувачки нацрт- итинерер, како мешаница од траги, како еден пародичен хумор, како, најпосле, симулација на борба, бидејќи тие веќе почнуваат да млатат (синхроно, бидејќи индивидуализмот, пак, за нив, е најстрашното нешто и затоа повеќе ја преферираат снајперската безобличност и тој тип на потпис, егзекутирање од дистанца, речиси без џелат, сѐ во какофонија, метеж и хаос од удари), најдобар пример е проширувањето на кампањата против Сорос кој, сакал- не сакал, можеби неправедно и пренадуено но ете, тоа му го сторија наци-социјалистите од сите бои, од Будимпешта преку Загреб и Београд па сега и во Скопје - стана симбол на просветеност и цивилизираност, едно светленце надеж среде овие страшни ветрометини каде цели класи и нации исчезнуваат преку ноќ, среде целава оваа безнадежност. 6                                                                    Margina #15-16 [1995] | okno.mk           
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 15-16“
        
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Множење со нула
 
   
 
   Не ме фаќа место, не сум овде
   во оваа одломка престорена во космос
   блудам и во отсутност преминувам
   « тегоба во тегоба »
   сѐ додека зборот не исчезне
   и тој ли
   осуетен, сетен
   анаграм
   сѐ додека повторно не се овоплоти
   - помалку алегорично, повеќе пародично -
   и не нѐ потсети дека меѓу двата света
   освен двата
   постои некој трет
   за некој друг
   не за нас
   за минус еден
   за минус два
   за минус
 
   сѐ додека
   не остане
   и не стане
   сѐ
   прааззззннноооо
   ОО 00 оо
        
      
    
    
    
      „Ерато“
         од Катица Ќулавкова 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Заличува на пародична телевизиска вест од секторот „Црна хроника“?
        
      
    
    
    
      „Ниска латентна револуција“
         од Фросина Наумовска 
        (2010)