петина (бр.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Една неделина, кога Трајко си дојде од пазар, каде што беше пратен од браќа си да продаде јагниња и направи арч за вршење, се собраа сите петина да видат што донесол пазарџијата.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И дури тој се искачуваше со тројца другари по скалите за да дојде до вратата каде што беше кадијата со Анѓа, каданите, Ајша и Сефедина, другите петина се изјазија до прозорците, давајќи си грб и раце еден на друг.
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во секое село по петина аскери на куќа.
        
      
    
    
    
      „Толе Паша“
         од Стале Попов 
        (1976)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          —    Не џанум? Двесте за петина дебели чорбаџии, шо ќе бидат — рипна Трајко.
        
      
    
    
    
      „Толе Паша“
         од Стале Попов 
        (1976)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Улиците не се преплавени со вооружени     млади деликвенти, стапката на убиствата изнесува една петина  од онаа во Соединетите Држави; проблемот на наркоманијата е мал и судејќи по сѐ опаѓа; уживањето на хероин е под контрола,       кокаинот претставува мал проблем, додека крек речиси и нема. 
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 6-7“
        
        (1994)
        
        
    
    
   
   
         
	        