потчини св.

потчини (св.)

Зголемувањето на Бугарија од присоединувањето на Македонија не може да биде допуштено од Србија не само затоа што со тоа ќе се наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, а најмногу затоа што по неговото извршување Србија ќе се најде помеѓу две посилни од неа држави: Австро-Унгарија и Бугарија таа ќе биде од нив политички и економски задушена и ќе треба да ѝ се потчини или на едната или на другата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
157. Ние гледаме сега оти три национални и религиозни пропаганди во нашата татковина се борат една против друга и сите заедно се борат против нас и нашите интереси, сакајќи да им нанесат смртен удар и да си ги потчинат под себе, земајќи го со таа цел религиозното и училишното работење кај нас во свои раце преку црквата и училиштето за да ѝ нанесат смртен удар на нашата народност, ни го налагаат нам нивниот наместо нашиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога го виделе тоа царовите, рекле оти господ сака каурите да ја загубат царштината и да му се потчинат на Турчинот. Така Турците ни го презеле царството.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, се разбира, најголеми „удобности“ и најголеми користи му дава на финансискиот капитал такво потчинување кое е сврзано со губењето на политичката независност на земјите и народите кои се потчинуваат.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Финансискиот капитал е така голема, може да се каже решавачка сила во сите економски и во сите меѓународни односи, што тој може да ги потчинува, и навистина потчинува, дури и држави кои имаат полна политичка независност; примери за тоа ќе видиме веднаш.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Ова е од страна на монополистите задушување на оние што не му се потчинуваат на монополот, на неговиот гнет, на неговиот произвол.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Вистина, Хегел никојпат не го идентификувал овој дух со бога, туку и бога го потчинувал нему.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Законите на физичката акција им ги потчинив на духот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тие ѓаури откажаа да се потчинат на твоите свети закони и наредби и дигнаа рака на твоите правоверни слуги.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
ЛУКОВ: (Исчекувајќи ја да сврши.) Од Вас, госпоѓо Христова, не се бара да поверувате, туку... да слушате и да се потчинувате. (Пауза.) Впрочем...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Од темниот сјај на неговите очи имаше нешто што привлекуваше, бараше доверување и потчинување.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега дивокозите го пречекуваа денот. Една цела нивна поворка, една поворка можеби од единствените животинки од оваа земја, што така грижествено и заеднички му се потчинуваат на тој ритуал на огрејсонцето, се капеа во неговата руменина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше пред себе сѐ, што му беше потребно; имаше едно одлично време, што му носеше многу, премногу вода, а тука беше и таа здивена машинерија, која беше готова да му се потчини и на најмалото движење на неговиот мал прст.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А најглавното беше Бојан да издржи, да ја победи снежната опсада, да се зачува од сите зла што сакаа да го потчинат, да го скршат.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Можеби ако се качеше на малото чардаче пред плевната и ако ѕиркаше кон коријата, ќе видеше нешто, ќе видеше десетина рала вжарени очи, но сепак, среќа негова што го фати страв, па не се решаваше да се оддалечи, среќа негова што не ги виде, инаку можеше сосем да му се потчини на стравот, па да изгуби моќ, за здраво размислување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Реши да го посети дедо Иван. „Доцна е малку“ - си мислеше момчето, но не сакаше да му се потчини на лесниот страв што го обземаше додека сам чекореше по угорницата, низ темната корија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сакаше да ја симне пушката од рамото, но рацете не се потчинуваа на наредбата од мозокот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но кога ќе избувнеше вистинскиот татков крик, тогаш мислата негова сигурно славеше победа над зборовите, ги потчинуваше...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој сакаше да ја потчини нашата славна партија, прекалена во голе­мите битки во борбата против фашизмот, сакаше од нас да стори робови, ние не се предадовме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И затоа татко ми не можеше лесно да го разгатне времето на козите, да навлезе во неговата суштина, да му се потчини.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Повеќе