претприемач (м.)
„Овој типичен пример на еквилибристика со билансите, сосем обична кај акционерските друштва, ни објаснува зошто управите на акционерските друштва со многу полесно срце се зафаќаат за рискантни работи одошто приватните претприемачи.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Модерната техника на составување биланси не само што им овозможува ризичните работи да ги кријат од
просечниот акционер, туку и им дозволува на главните заинтересирани лица да ја симинаат од себе одговорноста по пат на своевремена продажба на акциите, во случај на неуспех на експериментот, додека приватниот претприемач одговара со својата кожа за сѐ што прави…
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Апсолутната големина на јавниот физички простор се намалува, бидејќи истиот постојано го заземаат приватните претприемачи.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Значи, за да станеш видовит, кој го раскажува минатото, ја гледа сегашноста и „може“ да ја предвиди иднината, не мора да завршиш студии за историја (дека така одеше дефиницијата за историја - запознај го минатото, за да ја разбереш сегашноста, за да можеш да ја предвидиш иднината), ами само еднаш да паднеш во кома на пократок рок, па кога светлината на крајот на тунелот ќе ти се појави, да се сториш пишман и - оп, рикверц, ама со нов ум, претприемнички подготвен да го спасиш и општеството и човештвото.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)