проект м.

проект (м.)

Турција може и не сака реформи, но сакаат тие што го изработија проектот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ете каква услуга ние ѝ направивме на Турција со нашето недоверување кон австро-рускиот проект од реформи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За да се предупредат жртвите од едно секадешно востание, се изработи февруарскиот руско-австриски проект за реформи, вистина не совршен, но со договор оти тој ќе биде постепено раширен.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Целиот гигантски апарат на најкрупната берлинска банка, сите многубројни „врски“ се ставаат во движење, печатот е преполн од „патриотски“ извици против „јаремот“ на американскиот труст, и Рахјстагот речиси едногласно донесе на 15 март 1911 година резолуција со која се повикува владата да изработи проект за петролејски монопол.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Проектот за монопол беше одложен.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Сѐ се движи, сѐ се мрда Сѐ си тече, сѐ се влече... (Уста-сонг за проектот „Час по јавно читање“)
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Не можеше да претпостави дека Поетот одамна ги исчитал големите книги за новото учење, што силно ја поткрепија неговата визија за идните чудесни проекти на имагинацијата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Посебно се работеше на проектите за штетноста на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ниеден проект, ниедна обврска.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дали ги подготвувате за секој нов филмски проект?
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Презимињата се наведени според абецедниот ред онака како што стојат во Именикот и претставуваат избор од преостанатите деветнаесет милиони имиња. The falls Интересирањето за можностите една филмска енциклопедија да им биде соперник на Каталозите на целиот свет (Whole Earth Catalogues) од раните седумдесети години и уживањето во составувањето списоци поради нив самите, беа идеи што им претходеа на разни проекти обединети во филмот “The falls”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јас од моето искуство знам дека, “работата на терен” е интегрален дел на секој ваков проект.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како воопшто некој може да има авторска претензија на “nouveau roman” а да не завладеал со новата “логика на симболи” која стои во темелот на веќе реализираниот проект на европската литературна модерна. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 91
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Индивидуата која заклучува дека “само-занемарувањето” имало големо влијание на нејзината/нејзиниот живот (претходна доминантна тема) може да дојде до заклучок дека промените на алтернативното ниво на акција одразува дека тој/таа се ангажирала во “проектот на само-поддршка” (алтернативна тема или контратема).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нивниот суштински проект не беше сликарски проект; Duchamp се обидуваше на традиционалните сликарски средства да им ги придружи оние најмалку очекуваните: користејќи ги, за создавање на своите форми, по ред, оловната жица, калајот, прашината, талкот, колачот од бадем и чоколадото во прав, како што Leonardo потполно сам пронајде нов начин да се излие бронзен коњ, но и експериментирајќи со ѕидното сликарство, почнувајќи од техниките кои веќе немаат никаква врска со фреско-сликарството, туку се потпираат на температа и енкаустиката.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Проектот беше замислен повеќе како центар за информирање и помош.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Почитта што еден ваков проект ја буди и неговото значење весело преминуваат од технолошки проблем кон иделошко достоинство. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 87
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Волјата за извојување победа над рускиот комплекс на инфериорност се јави како зачетник на проектот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Егзистенцијалната промена на субјектот во проект не е последица на некоја „слободна одлука“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Не се работи за зачувување на човечкиот вид преку репродукција, туку за тоа да го степенуваме индивидуумот преку нов проект.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повеќе