распространетост (ж.)

Од тие четири земји две се најстаари и, како што ќе видиме, со колонии најбогати капиталистички земји: Англија и Франција; другите две се најнапредни капиталистички земји според брзината на развитокот и степенот на распространетоста низ капиталистичките монополи во производството – Соединетите држави и Германија.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Имаше основа да верува во нејзиното постоење и од распространетоста на приказните, според кои многу оружје од годините на војната, кога секое дете можело да дојде до пушка, останало скриено во планината, по колибите и по старите, шупливи буки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Изучувањето на општествените практики, на естетските практики, на стиловите, на вкусовите и на чувствата – анализирани за да се разоткријат нивните внатрешни структури, формална логика, културно дејствување, значење и распространетост – би можело да овозможи алтернативен и свеж пристап кон човековиот субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но културните практики си имаат и сопствени особени составни делови, кои не се совпаѓаат сосема со опсегот на секоја демографска група посебно и нивната распространетост кај популацијата не ги следи точно цртите на разграничувањето – кои и самите се изразито размачкани – кои ги бележат меѓите помеѓу различните заедници или различните општествени колективитети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)