специјален (прид.)
Но ако во историјата на културниот развиток на еден народ има два периода, меѓу коишто има еден како трети, но којшто е период на застој и е како непреодна стена меѓу нив, – тогаш во новиот период на развитокот на националното самосознание имаме преродба на народниот дух, коешто станува вистина врз стара основа, но во него влегуваат многу нови начела, во согласност со духот на времето и со специјалните потреби на народниот живот и неговите пројави. 160Таа преродба се одбележува и во книжевниот јазик и правописот: како едниот така и другиот се горе-долу слободни од некои традиции што не се согласни со современата состојба на разговорниот јазик.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Министерството прво ги праќаше своите стипендијанти во српските провинцијални градови за да учат, а после ги собираше во Белград во специјални школи или на Великата школа.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За финансискиот капитал имаат значење не само веќе откриените извори на суровини, туку и можните извори. зашто техниката со неверојатна брзина се развива во нашиве дни, и земји кои денес не се погодни, можат да станат погодни утре ако бидат најдени нови методи (а за таа цел крупната банка може да опреми специјална експедиција од инженери, агрономи итн.), ако се потрошат поголеми суми капитал.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Се склучени специјални – се разбира, тајни – договори во поглед на „друштвата-ќерки“, кои навлегуваат во новите индустриски гранки и во „новите“ формално уште неподелените земји.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Еве што пишува професор Герман Леви во специјалната студија за
„Монополите, картелите и трустовите“ според податоците за економскиот развиток на Велика Британија:
„Во Велика Британија токму големите размери на претпријатијата и нивното високо техничко рамниште ја носат во себе тенденцијата кон монопол.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Немскиот класичен идеализам е продолжување, во филозофијата, на идеите што ги нафрли епохата на великата француска револуција и кои во специјалните немски услови на општествениот живот добиле специфичен вид.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Од таа напара не го права сега тоа напарки — попреку нарилник — специјална направа која му се тура на добитокот на устата да не направи штета кога работи со него човек насадам — нафрлам снопје на гумното.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тестото го замесува специјална месарица — девојка со татко и со мајка, а пред тоа едно мало детенце — машко — заборава прво во тестото со жегол: да им се раѓаат на младенците машки деца, жито и волови со кои ќе ораат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Само, се разбира, кога имаше специјални гости земаше готвач од хотел.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Разбрав дека во првите попладневни часови секогаш можат да се сретнат вакви жени кои одат на специјални гимнастички вежби, под контрола на светски познатиот гинеколог-хирург проф. д-р Леви, кој докажал дека по овој пат создава услови за безболно раѓање...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Чув дека за растурање на демонстранти во париската полиција имало специјални борбени одреди.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„Треска“ наскоро ќе почне да произведува мебел од полиуретан, еден вид специјална материја која се добива по хемиски пат, а која, со специјални машини, се лее во тврда и мека маса.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но кога Дамческите предложија да се обноват лозјата, со специјални сорти лози, што тие сами ќе ги набавеле и ќе ги донесле дури од Мелничко, речиси се побунија против нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Имено, тука, на Зедница, зиме, кога ќе приклештеа и ќе се одолжеа студените денови, обично во време планина, кога сонцето, низ некој процеп на облици, ќе смогнеше сили да испрати на земјата забести зраци, жителите на Потковицата во специјални корита, издлабени во стеблата од дабови дрва и поткренати на ногари, ја крмеа и ја поеја стоката.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тука, со специјални чукала, или со ражните од колите, удирајќи по класјето, ги истеруваа зрната од нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Со тие пари отворив фабрики за специјани автобуси и воведов компјутеризиран јавен сообраќај во целата Република.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Внатре, со љубов го закитуваме специјалниот мамец и јато светли желби се сјатува околу него.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Одродени, откинати од татко, мајка,од вера, од браќа и сестри, од сите свои уште како деца на возраст од 12 до 15 години, во името на законот, односно данокот во крв наречен девшурме (одбирање), ги учеле во Цариград, во специјални воени училишта, на сите воени вештини, па кога ќе завршеле, стапувале во елитните воени единици како јаничари.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Во национално и верски измешаните републики постоеле и специјални упатства.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Како што се делеше храната од меѓународната помош, со специјални купони, точкици, така се делеше и порцијата страв што ја добиваа луѓето со порцијата млеко.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)