тврдење ср.

тврдење (ср.)

Дали е права Русија во своите тврдења?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Поведението на самиот комитет зборува против неговите тврдења.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Другари! Таквите тврдења не се ништо друго, туку една лага, една клевета фрлена на ослободителката Русија од еден ослободен ропски народ што уште не е слободен од неговите ропски инстинкти со кои се ползува за да ја оправда својата глупава „самостојна” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Може да се истакне тврдењето – пишува Шилдер – кое на некои можеби ќе им изгледа парадоксално, имено: дека порастот на градското и индустриското население во повеќе или помалку блиската иднина може многу побрзо да сретне пречка во недостиг на суровини за индустријата, одошто во недостиг на намирници“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Тоа е беспорно, но тоа е и апсолутно бесодржително; тоа е како тврдењето дека „развитокот оди“ кон произведување прехранбени артикли во лабораториите.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Се разбира, буржоаските реформисти и меѓу нив особено сегашните кауцкијанци се обидуваат да го ослабнат значењето на тој вид факти со тврдењето дека суровини би „можеле“ да се набават на слободниот пазар без „скапата и опасна“ колонијална политика, дека понудата на суровините би „можела“ гигантски да се наголеми со „простото“ подобрување на условите на селското стопанство воопшто.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Основното учење на Хегеловата филозофија е тврдењето дека светот и општеството се во постојан развој и дека тој нивни развој е незадржлив.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
- Се излажа стариот, - си рече Бојан, мислејќи на дедовото му тврдење дека зимава ќе биде забеста, долга.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Би било интересно во рамките на ова тврдење да се компарираат видувањата за гласовите, барем за оние гласови, за кои и Рембо и Хелбников и Маркус се произнесуваат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кризата за слатка вода, според тврдењето на бугарските експерти, отпочнува да се чувствува и во Бугарија, моментно не во толку остра форма, но сепак е даден знак за тревога.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Тврдењата ваши не важат, - им вели матичарот, - важат документите...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- Како не важат нашите тврдења, - се бунат мајка му и мајка ѝ нејзина, - та ние сме ги родиле...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Така се вика нивниот клуб што го основаа со цел да ги побиваат моите непобитни тврдења.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Чанга можеше сѐ да поверува од книгите, ама никако не му влегуваше в глава, тврдењето дека Калето според остатоците на земјанки и колипки е старо четири илјади години.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ако е така, причините за укинувањето на кривичното гонење значително слабеат. Накратко, Бендоу не успева да даде убедливи докази за тврдењето дека легализацијата не би ја зголемила потрошувачката на јаки дроги, ниту пак проблемите што произлегуваат од тоа.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Зад ова шовинистичко тврдење стоеја идеолошките мотиви на Студената војна; “нашата” апстракција, нашиот модернизам, нашиот формализам станаа индикатори дека САД беа на прво место во светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тврдењето на компјутерската метафора не е дека сите компјутери имаат когнитивен статус: ние не веруваме дека вашиот IBM PC размислува за Виена.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Според некои тврдења во Британија се случуваат по три смртни случаи на деца секоја недела, додека 1990-та година беа регистрирани 149 смртни случаи на луѓе кои умреле од овие средства (од хероин, на пример, тогаш имало 94 смртни случаи).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ниту јас верувам дека ќе предизвикам противречење ако претпоставам дека сите оние што ме следеа на патот на научното толкување на соништата горенаведеното тврдење го сметаат за фактички проверено.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дистинкцијата, која се пробива низ Германската идеологија, помеѓу марксистичка наука и чиста философска фантазија, е извонреден пример за тврдење кое го дофаќа она што Дерида го нарекува “полно присуство кое е вон дофатот на играта “ (1978, 279).
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Повеќе