фаза (ж.)
Односот на господството и со него сврзаното насилство – ете што е типично за „најновата фаза во развитокот на капитализмот“, ете што мораше, неизбежно да произлезе и што произлезе од образувањето на семоќните економски монополи.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Таква нова фаза на капитализмот во секој случај може да се замисли.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Монополите се едвај забележливи никулци. 2) По кризата од 1873 година широка фаза на развитокот на картелите, но тие сѐ уште се исклучок.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
Испитувањето за нас домците течеше во неколку фази.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во првата фаза беше одредено да се евакуираат децата, жените и старците, додека другите ќе останат во селото до втората фаза за да не опустошат куќите.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Беше во фаза на премаленост: „Јас кутрата, беспомошната, што секој ја гази без пардон, сум непотребна во овој безмилосен живот“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тие мораа да докажат и покажат дека социјализмот мора да успее, по фазата на насилната колективизација, национализацијата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Dans le bain (буквално: во бањата), секако е идиом во вистинското вплеткување во нешто, така што, само што сме продреле во спиралите, веќе сме вовлечени во првата фаза од нејзината имплицирана вулгарност, па неизбежно и во сексуалните конотации на целата фраза.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Напредувајќи од една во друга просторија на двата ката на Палацо Граси, посетителите можеа да видат како пред нив идеите постепено се развиваат, движејќи се низ простори поделени меѓусебно не само со физички бариери - прегради, паравани, итн. - туку и со разликите во концепцијата, идеи што ја водеа еволуцијата на делата на Дишан низ неговите најважни и најкомплексни фази.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
20.00 Постои тенденција на чести ерекции за време на почетната фаза од пушењето, што ме потсеќа, кога сме веќе кај оваа тема: за сексот во однос на хероинот можам да кажам две работи.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Пет и Бол веруваат дека марихуаната, во најмала рака се однесува како еден дел од овој креативен процес - фазата на увид за време на која субјектот доживува чувства на разбирање на работите и восхит поради тоа откритие но, затоа што основата не била подготвена, целокупната ситуација е лажна.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Национализмот исто така вклучува, во оваа фаза, воспоставување институции кои се приближуваат кон, или ќе станат институции на, државата.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Оваа фаза ја одликуваат зголемена емоционалност, немир, а понекогаш дури и напуштање на проблемот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Беди:Да речеме дека постојат некакви три фази во моето творештво, до сега.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
По оваа фаза ќе дојде интерактивната технологија.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Овие откритија ќе ги постават координатите за неговата позрела фаза.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Оваа енклава исто така е местото на кое практиката на научниот јазик однатре и сѐ подлабоко и подлабоко го оспорува идеалот на фонетското писмо и сета негова имплицитна метафизика (метафизиката), т.е. особено философската идеја на episteme; како и онаа на istoria која е длабоко зависна од неа, и покрај раздружувањето или спротиставувањето кое ги упати една на друга во една фаза од нивниот заеднички развиток.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во прво време мислев, „Добро ова е само фаза низ која минуваат и, но добро ако ова сега го работат, што ќе работат за неколку години?” - не сфаќајќи дека тие беа во своите најдобри години.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не сакам да дојдам во таква фаза.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во 1965. (зрела фаза) Ворхол дефинитивно го открива тонот и почнува редовно да го користи.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)