але (ср.)

Алето, засушено веќе одамна не смрдеше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
да не стекла пак реката, да не ги откорна овошките или само алето, е во Америка алињата им се дома, в среде куќа, е па водата нема узда, не се запира со прачка и со викање, а да ја видиш онаа вода што се оди со денови, еднаш ни рекоа денеска морето ќе игра, а кога игра морето, не играјте вие и кога зеде да рипа, да станува и да седнува, леле мајко, потплашена кобила, фучи и се пресега преку бродот и го прескока и 116
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
а во Америка не палат кандила, како кај нас: со газија и со жарче, таму огнот го водат по некои телови, и не се гасне со дување, дувај си ти, ако немаш работа, и залидани сме, ти велам, некаде, којзнае каде, меѓу облаците значи облак ни го однесе алето,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така алето ги спои двајцата и доведе до неговото прекинување на школото, до свадба, до рано женење.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Пред алето чекаат неколку жени и деца. Алето е влезено во сликата случајно, поради ширината на сликата, но алето за Богдан и Видуша има судбоносно значење: тоа е повод за нивното земање, еден вид стројник, судбина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Споените алиња, ги спојуваа во слога и љубов и нивните дедовци и татковци, баби и мајки.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Вангел Русјаков пантолоните си ги местеше надвор и зејна да го опита Петрета што е тоа во што се пули, ама овој прсна на кај алето без да му остави време да ги пушти зборовите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Внимателно се измолкнува од постелата, го потсобира веленцето околу дечињата да не побегне топлината од нејзиното тело и оти во ќумбенцето нема ни спуза а ни потпала околу него, таа ова утро прва го прошетува своето големо тело до алето крај телот и до купот отпад од задната страна зградата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се сврте натаму, на кај телот на фабриката, ама не појде на кај алето, туку зад зградата, во бавчите.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)