алкохоличар (м.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Оние што беа свртени кон југ се напрегаа да ѕирнат зад голиот за да го видат неголемото плодно земјиште скржаво да затвори стотици гладни усти. Судбината - алкохоличар. Како тој.
        
      
    
    
    
      „Две Марии“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
        
      
    
    
    
      „Пустина“
         од Ѓорѓи Абаџиев 
        (1961)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Алкохолот што се содржи                   во жестоките пијалоци помешани со метил и оној што се употребува во                   медицината (првиот е често користен од тешки алкохоличари поради                   популарните цени) е посебно токсичен, понекогаш предизвикува слепило,                   кома и смрт.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 8-9“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Инаку, како беше можно да се објасни еквилибристиката на шеесетгодишниот алкохоличар Роналдо Гонзалес, кој одеше на една нога по жица, со жена на грбот, или трапезистичките точки на Ина и Светлана Коленина, вратоломните фигури на групата акробати од Латвија, или пак фигурите на жената од гума – Аманда Заморано, што можеше да пуши цигара со нозе, и тоа свиена во половината преку грбот, легната на стомак?
        
      
    
    
    
      „Папокот на светот“
         од Венко Андоновски 
        (2000)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Ина имаше сосема класична несреќна судбина до доаѓањето во циркусот: татко алкохоличар кој умрел рано; останале со мајка им, таа и Светлана; двете се истакнувале во партерна и атлетска гимнастика во училиштето, и по наговор на наставникот, почнале интензивно да тренираат со некој познат руски стручњак кој пребегал во Украина.
        
      
    
    
    
      „Папокот на светот“
         од Венко Андоновски 
        (2000)