блада (несв.)
Што сонуваш и шепотиш и мислиш кога по ноќва моја прстите твои бладаат можеби сакаат да ја откријат вистината што грее меѓу рацете и градите Јас и ти сме како тревата и ветерот: допирот нѐ крена од едно јалово мирување затоа сега нѐ вознемирува овој наслутен лет со кого плискаат љубопитни нашите дланови глуви Желбата благо се нурка во твоите широки очи и шуми за кревкото стебло што скоро ќе се роди
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
ФЕЗЛИЕВ: Јас не бладам. И ти се молам, не изигрувај пред мене - невиност!
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Не ми веруваш... - се опира тој. - Па ти бладаш, драги мој.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Такви луѓе не постојат, тие се појавуваат само во моите бладања...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„Лудост ли е сето тоа? Или некое нечисто бладање.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тоа беше како некој да помина со крпа по сета белина наоколу и како да ги избриша со првиот замав сите тие превсенувања, сите тие бладања на неговите изморени зеници.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
XI. Но сепак, и покрај сите бладања, оној ритам на бавното минување на времето мораше еднаш да го насочи и неговото траење во вистинската насока и постојано да ги стивнува неговите побуни.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Но не ја оставив да тагува и да блада по јаболка. Ѝ носев в пазува.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Некој во сонот зборува, блада: - Ноќта ја испраќам, а денот не го затечувам, кај ми отиде денот и кој ми стои сега на нога, кој ме гази сега мене!.. 187
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Сѐ нешто бладаат, вели, јазикот им е сув и црн, на крајовите од устите им се смежуравила некоја црна павлага, вели, а мевот им се надул, како на тешка жена.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Мислам дека топ ме удри, блада некое војниче, мислам дека топ ми ја скина раката.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Проклет да бидам, сеедно говореше; повтораше, бладаше: - Мајко, мајко, мајчице моја! - непрестајно ја бараше, видов, видов, проклет да бидам, на неговото лице повторно се јави онаа негова неизбришлива, голема смеа.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Постојано бладаше, зборуваше со мртвите: - Да дојдам? Добро, ќе дојдам... А, не, не идам...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Оти да умреме неомрсени, Теменуго, ќе си блада.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Што бладаш, ѝ велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се тетерави по стивнатото боиште Константин со товар на грбот, ѕвечаво бладање на човек пред свој крај, се судрува со грмушки и се сопнува на трупови. Збива и пцуе.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Крвта на преварените сливи, или плодови на крушите горници, или никаквото грозје на овој крај, таа и слатка и погубна тајна на бладања и обиди да се надрасне човековата безначајност, ги ослободувала од внатрешни окови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И почнува: и младите и старите поцрнуваат, се сушат, бладаат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Човекот не успева да заспие, жена му блада во сон, петелот пее среде ноќ, кучето се измачува.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Градов ми беше една огромна спална соба во која бладав бдеејќи крај сонот.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)