замали (св.)
Скрез офна така силно, што Цанул се исплаши, ја фрли вилата и избега; Цанулица замалена од страв, стрчна кон Скрез, му ја извади забуцаната вила и му ја изврза раната со шамија за да му ја запре крвта што бликаше на сите страни; го одврза коњот, му помогна да се качи и тргнаа в град на болница.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Уште ми шавнува нивното подзинување и нивното замалено викање: лепче, лепче!
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Речи му чинев така на Јона и - плачи, плачи, плачи над Роса, дури да замалам. Ја гледам како кашла, заоѓа и помодрува. Море, море - зорт, море.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Обравчињата ѝ горат, не замалува огнот. Ко жарје во кација нацрпени и горат. И очињата со крв ѝ се облечени.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
— На судење, вели, ѝ трепери гласот, ѝ замалуваат зборовите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Веќе сум замалена, предадена, кога ме извлекоа од под коњот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дождот го мие, го плави, а тоа уште потклоцува, замалува.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Само, каде е да се врати. Досега требаше да имаме ручано а таа не е ни дојдена: допрва треба нешто да замакали за јадење!
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)