исто (прил.)

Ако, пак, некој рече дека не ги донаправил добро, бидејќи и сега се доправаат, и на тоа ќе одговориме: „Исто така и грчките многу пати се поправани од Ахила и Симаха, а потоа и од мнозина други.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
113. Втората теорија, т.е. сите Македонски Словени се исто такви Срби како и Босанците, Црногорците итн. се вкорени во Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
116. Хрватот Ватрослав Јагиќ (1838-1923) му беше исто така професор во Русија, на кого и подоцна му испраќа свои сепарати.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Истовремено, Бодуен-де-Куртене му беше еден од менторите на Мисиркова при изработката и одбраната на дипломската работа (1902), а исто така се залагаше тој да биде оставен на постдипломски студии на Петербуршкиот универзитет.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Процесот на концентрацијата на производството веќе во 1908 година создаде во таа индустрија две главни „групи“, кои на сој начин исто така се приближија кон монопол.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Всушност, она што се говореше последниве години за империјализмот – особено во огромното количество статии на таа тема во списанијата и весниците, а исто така и во резолуциите, на пример на конгресите во Хемниц и Базел, што се одржаа есента 1912 година – одвај ли излегуваше од кругот на идеите изложени или, поточно, резимирани кај двата споменати автори…
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Извонредно е важно дека во земјата на слободна трговија, Англија, концентрацијата исто така доведува до монопол, иако малку подоцна и можеби во друга форма.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
НАЦА: (Исто така гледа низ другиот прозорец.) Чорбаџи Томче. Тоа ли е саат на две нозе?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А еве сега пак истото! Едниот мисли на Србија, другиот на Бугарија.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Исто така ја прифаќаат песната и Софре, Ката и Ана.) Ој, девојче црно око, Ме изгоре, ме прегоре, Ме направи суво дрво, Суво дрво јаворово!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Хегел исто така утврди дека оваа основна и сеопфатна закономерност на природата и општеството не може да се проѕре, да се разбере и објасни ако се применува метод што би бил статичен и би оперирал со крути, апсолутни поими и постулати.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Победата на Француската револуција убедливо ја покажа трошноста на сето феудално општество, за кое порано непрестајно се тврдело дека е вечно и незаменливо, а таа исто така од темел ги разниша сите оние учења што претставуваа во овој или оној вид идеологија на феудалниот поредок.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Одајата е наместена мошне арно, старовремски: десно насреде огниште, горе јашмак под кој оџакот е завиткан со завеса од шарена басма; од страните на огништето камари, исто така покриени со завеси од истата басма; назад два прозорци со завеси од истата басма, собрани до горе на плисе и прикачени на една шајка на средината, така што имаат изглед на плисиран полукруг.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
АНТИЦА: (му одговара исто така со пеење) Не ми е ѓерѓеф, море расипан, Не ми е иглата скршена.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
По неа секој час претрчуваа бригадирци со полни количиња земја, ја исфрлуваа зад насипот од другата страна на реката и бргу се враќаа по друг исто таков мост на стотици метра подолу.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Да беше ден исто така можеше да се види дека сликата е од едно четиринаесетгодишно дете, босо и облечено во измаслени работнички алишта.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тоа нѐ потсетуе исто така на задачата со која што бездруго треба да се нагрби секој еден културен работник од нашата Народна Република, а имено: прибирање и печатење народни песни.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Исто како в кино, само уште да галопираше грамофонската плоча со завршниот дел на увертирата од Вилхем Тел.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
На исто таков начин се нацртани и нозете, само што тие раснат рамно со главата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѕидот е покриен со голема сенка чие движење вешто го прави точно во исто време и татко ми.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Повеќе