комбиниран прид.

комбиниран (прид.)

Четврто, таа ја зацврстува позицијата на комбинираното претпријатие во споредба со „чистото“ – го зајакнува во конкурентската борба во време на силна депресија (застој на работата, кризи) кога паѓањето на цените на суровините е помало од паѓањето на цените на фабрикатите.“
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Англиските капиталисти настојуваат на сите можни начини да го развијат производството на памук во својата колонија, Египет – во 1904 година од 2,3 милиони хектари обработлива земја во Египет веќе беа под памук 0,6 милиони, т.е. повеќе од една четвртина; руските во својата колонија, Туркестан, заради тоа што по тој пат можат полесно да ги победат своите странски конкуренти, полесно можат да пристапат кон монополизација на изворите за суровини, кон создавање поекономичен и порентабилен текстилен труст со „комбинирано“ производство, со концентрирање на сите стадиуми на производството и преработката на памукот во едни раце.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
„Комбинацијата, – пишува Хилфердинг, – ги изедначува разликите на конјуктурата и затоа на комбинирано претпријатие таа му осигурува поголема постојаност на профитната стопа.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Желбата да се стане “каучки компир” (Couch potato) можеби се базира на фактот што просторот е доволно голем да се смести кауч со голем ТВ сет и секако модерен телефон, комбиниран со автоматска секретарка, интерком, компјутерски принтер, факс машина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Наместо било што во директна врска со О'Брајан или со Братството, во свеста му се појави некаков комбиниран приказ од темната соба во која мајка му ги помина последните денови од животот и од малата соба над продавницата на г.Черингтон, со стаклениот тег за хартија и со металната гравура во нејзината рамка од ружино дрво.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)