концесија (ж.)
Давајќи ѝ заем на Русија, Франција ја „приклешти“ во трговскиот договор од 16 септември 1905 г., договарајќи определени концесии до 1917 година; иста е работата со трговскиот договор со Јапонија од 19 август 1911 г.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
При таквите меѓународни зделки речиси секогаш по нешто му капнува на заемодавачот: отстапка во трговски договор, станица за јаглен, изградба на пристаниште, богата концесија, порачка на топови“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“
од В. И. Ленин
(1917)
- Ех што... Концесии се во прашање... Сакаат да добијат експлоатација на руда и нафта во Албанија...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Проблемот и хаосот во македонската култура не може да се реши со глобални концепти, концесии или консолидации.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Спорот настана во 2005 година, при трансформацијата на ЈП „Македонски железници“ во две нови претпријатија: АД „МЖ Транспорт“ (во државна сопственост, со намера за идна приватизација или концесија) и ЈП „МЖ Инфраструктура“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)