медиокритет (м.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Треската го мачеше, како крт му ги глодаше зглобовите, затоа се жештеше - „Не сум ни комформист, ни медиокрет, затоа ме сметаат за луд.“
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Медиокритетската и цмиздрава желба за сопствена потврда во очите на другите за    нас не постои - постојат пределите на мислата, екстатичните полиња на дигиталната    комуникација во кои секој се прифаќа и доколку воопшто се вреднува тогаш тоа се    прави исклучиво според неговиот интелектуален производ.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 32-33“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И конечно, тој релативизам кој науката ја трансформира во поезија, а поезијата во егзистенција е тој фактор кој му овозможува на секој медиокритет во дадена ситуација да се вивне до нивоата на божество и на секој уметник и гениј да пропадне до бедата на обичен месар на банални страсти.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 26-28“
        
        (1996)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Сега знаеше дека во нивните коментари и желби за него има многу љубов, оти родителот секогаш го сака она што е најважно за своето дете – удобноста на конформизмот и медиокритетот (до овој заклучок, се разбира, дојде многу подоцна, кога навистина се истрижа и почна да носи не само пошироки пантолони туку и боксерки).
        
      
    
    
    
      „На пат кон Дамаск“
         од Елизабета Баковска 
        (2006)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Со еден збор Династија беше поднослива медиокритетија.
        
      
    
    
    
      „Филтер Југославија“
         од Константин Петровски 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А токму поради еродираниот морален хабитус на медиокритетскиот и малодушен феномен наречен „македонски судии“, насушно е потребно, добро и правично [bona et aequi], да се регулира 308  оваа „сива зона“ – со цел економски помоќната страна да не ја  злоупотребува својата доминантна позиција на пазарот на труд.
        
      
    
    
    
      „Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
         од Димитар Апасиев 
        (2011)
        
        
    
    
   
   
         
	        