мицелиум (м.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          3. Горниот свет
 
   
 
   Неартикулирана камена композиција
   втисната на Гарван, черна древна птица
   затскриена зад брезите, дабојте, черешните
   меѓу трепетливиот и див отсјај на небото
   двосмислена како поетски знак
   и живописна
 
   а ние -
   недораснати да ги разбереме
   мегалитските, сакрално елементарни
   глетани семи на минатото
   само ги посакуваме, и -
   приседнуваме на Плочите
   небаре во неправедно студениот
   скут на Господ
 
   кратко, многу пократко од О-н-ние онаму долу
   во подземјето полно мицелиум
   и ехо, ехо од Ум!
        
      
    
    
    
      „Ерато“
         од Катица Ќулавкова 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Музиката на јазикот
   со лукав одзвук на лунатик
   како мицелиум ќе капне
   под листовите ќе се овоплоти
   од Бакхус, Дионис и Бес
   ќе земе што мора
   - смисла за уживање, искушение
   трагизам
   ген за ритам, стих и мистицизам
   и ќе стане
   врашки убава, само-битна
   Луна!
 
   
 
   4.
        
      
    
    
    
      „Ерато“
         од Катица Ќулавкова 
        (2008)
        
        
    
    
   
   
         
	        