мишка (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Не се спротивстави коскената и јака маса  на секот, што во овој миг  до мишката, делејќи меса, сосем лесно стаса,  и Махмуд пушти грозен крик.
        
      
    
    
    
      „Сердарот“
         од Григор  Прличев 
        (1860)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          АМПО: (На главата држи тава, под мишки праз и погача...) И погача...
        
      
    
    
    
      „Чорбаџи Теодос“
         од Васил Иљоски 
        (1937)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Позади нив е кумата со сито под левата мишка покриено со шарена свилена шамија, вади од него овес помешан со бонбони и фрла над главите од младенците.
        
      
    
    
    
      „Антица“
         од Ристо Крле 
        (1940)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          БОГДАН: (го носи под мишка Пијаниот. Овој је раскрвавен на челото и се порева).
        
      
    
    
    
      „Гладна кокошка просо сонуе“
         од Блаже Конески 
        (1945)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И Пенчо се смири пуштајќи ја да го држи со едната рака за мишката а со другата за црвената искрпена кошула.
        
      
    
    
    
      „Улица“
         од Славко Јаневски 
        (1951)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Таман се прибираа орачите и дрварите, и тој, со торбичката на рамо, со ластегарката под мишка, влезе в село на мракот.  Ha дедот Петка не му беше ова прво одење во Рожден.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          —    Пукна ѓаволот, — си рече Бисера и го фати под мишка, го заведе дома, му даде столче, го кладе ѓезвето за кафе и седнаа да се разговараат како родители и чедо по две три години.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Доста се поиздиши уште подлабоко: Митра ја фати за раменици, по кроце, полека ја исправи првин да седне, па потоа полека, лека, ја исправи простум и држејќи ја за мишките ја поведе кон горни крај.
        
      
    
    
    
      „Крпен живот“
         од Стале Попов 
        (1953)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И стискајќи ја под мишка топлата погача, почна да се качува по стрмнината.
        
      
    
    
    
      „Кловнови и луѓе“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Има сив сомотски жакет, дискретно распаран под левата мишка, сина кошула од грубо платно и стара црна кравата лошо врзана околу долгиот жилав врат.
        
      
    
    
    
      „Кловнови и луѓе“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Зар јас верувам во тоа? се грчи Митре и ги стиска рацете под мишки.
        
      
    
    
    
      „Кловнови и луѓе“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тој носеше жолта акт - торба под мишка и замислено го слушаше забрзаното шепотење на онаа девојка што ги пријавуваше странките.
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Овој помило му се насмевна и така го стегна под мишката та речиси го поткрена...
        
      
    
    
    
      „Бојана и прстенот“
         од Иван Точко 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          „Сепак, имало нешто помеѓу вас“, му ја стисна десната мишка на Отец Симеон.
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          За миг, чиј живот е долговечен колку и една искра, колку и светлоста на ѕвездата со бела опашка, минаа пред неговиот вид призраците на една иднина независна од него: Јана со набрекнати дојки и детска количка пред себе, и тој, Иван сиот покриен со мирис на пелени и загорено млеко, и дождалците зад широкиот грб на богот Мирон, и брат му со нова и тешка кожена торба под мишка, и тие, бројките од Нојовиот ковчег, весели и насмеани победници над една рапава смеа.
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Но, уште веднаш, штом бичкијата се закопа во трупецот, а тој се поттргна малку настрана за да здивне, онака скапнат, со две врени клопчиња умора под своите мишки, погледот му запре на прозорецот и уште веднаш знаеше дека сега, само уште кусо време, ќе мора да дојде и крајот.
        
      
    
    
    
      „Белата долина“
         од Симон Дракул 
        (1962)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Не рекоа ни збор. Змејко само го фати за мишката и го поведе кон патеката.
        
      
    
    
    
      „Белата долина“
         од Симон Дракул 
        (1962)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Некои жени плачеа, а Змејко гледаше во лицата на сите луѓе и во она што стоеше на секое од тие лица, сѐ додека не го изнајде онојго, стоеше веднаш до него, до нивното другарче со барјачето и едвај ја потискаше во себе желбата да му рече нешто, барем да го фати за мишката и двајцата да помолчат, сѐ додека не откри како едната негова рака се оддели од рачката на барјачето и заграба во синијата, што ја подаваа пред лицата на луѓето, а внатре беше пченица со разнобоен шеќер.
        
      
    
    
    
      „Белата долина“
         од Симон Дракул 
        (1962)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тогаш Зоки отиде во бањата, ја зеде четката за пајажини, ја стави под мишка и почна важно да шета низ собата.
        
      
    
    
    
      „Зоки Поки“
         од Оливера Николова 
        (1963)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Го стиснаа под мишки Секула, кој снеможено се држеше на нозете, и со брзи чекори се упатија кон шумата.
        
      
    
    
    
      „Дружината Братско стебло“
         од Јован  Стрезовски 
        (1967)
        
        
    
    
   
   
         
	        