нетокму (прил.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Жените зад грб му се потсмеваа:  - Женско петле. Малку како нетокму е.
        
      
    
    
    
      „Улица“
         од Славко Јаневски 
        (1951)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А и нетокму е човек кога само едно исто зборува, Се исто молиш и се за исто се молиш.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Јон зел паурче ракија и излегол на чардакот. Пие ракија и вика, развикува. Сите да чујат. Да ме гледаат. Нетокму човек, извртен наопаку.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Јован седна на клупата запали и рече:  - Истресен си, Коста, и ми се чини нетокму си. - Ете, сега и луд ме направи...
        
      
    
    
    
      „Постела на чемерните“
         од Петре Наковски 
        (1985)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          „Нетокму народ. Луди и грди. И гнасни... Од гнасни погнасни“.
        
      
    
    
    
      „Бунар“
         од Димитар Башевски 
        (2001)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Кога го избања во амамот и кога му ги виде приштовите под мишки, и уште кога овој не кажувајќи ни три чисти му се прикажа како нетокму, Марко веднаш побрза да ја оттурне помислата дека Мехмед-паша нарочно, поради некаква скриена одмазда, му го дал овој недугавко.
        
      
    
    
    
      „Вежби за Ибн Пајко“
         од Оливера Николова 
        (2007)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Таа сега го гледаше како навистина изгубен и нетокму.
        
      
    
    
    
      „Вежби за Ибн Пајко“
         од Оливера Николова 
        (2007)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Миклош не ја знаеше приказната на Бошко, но иако тој не се правеше на нетокму, речиси преку ноќ побеле: тој засега се движеше слободно, склучуваше непречено пријателства низ градот, почнуваше да го учи новиот говор, но, слично на приказните од илјада и една ноќ, знаеше дека додека саатот не се намести и проработи, животот му е нему сигурен, сите ќе го пазат и сите ќе го чуваат, а после ќе биде она што е - роб за продавање.
        
      
    
    
    
      „Вежби за Ибн Пајко“
         од Оливера Николова 
        (2007)
        
        
    
    
   
   
         
	        