ние (зам.)

Така и ние человеци сме создание Божие, — да познаеме отца нашего Бога.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Врз месото, како брзокрили јастреби, ние се изнафрливме гладни.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
А ние, од бачило што се наоѓаше тука, грабнавме овнови алчно.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
За награда ние од Стан го донесовме син ти, толку нажалени сите: да не биде храна на птиците грабливи, нити плен да им стане на пците.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
– „Море ние, Силјане, сполај Богу, си поминуваме, туку ти, ти како помина по туѓина, кажи ни некои унерии, елбете тоа, што си видел ти, ние не сме виделе,“ му рекле селаните.
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Еве зошто ние знаеме сѐ што имате дома, Силјане, му рекле, оти ви седиме на куќите; ние се правиме штркови, Силјане, и ви идеме во вашето село и во сиот вилает ваш“.
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
– „Ејди, синко Силјане, му рекле старите, ние сме дојдени во вашето село Коњари уште не беше роден ти; ние сме живееле на вашата куќа; ние знаеме сѐ што имате дома, ем поарно од тебе.
„Силјан Штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ете зошто ние, меѓу другото, се признавме за Бугари, т.е. тврдоглавци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Разбравме ли, најпосле, ние?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
155 Благодарејќи на условите, сега ние си го избираме за општ литературен јазик централното македонско, т.е. велешко-прилепско-битолско-охридското наречје.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние не сме криви… Времето ги раѓа такви, Димо.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
За да биде таквиот поткуп економски можен, макар и во каква форма тој да се изведува, потребен е – ќе додадеме ние – висок монополистички профит.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Според тоа ние ја преживуваме своебразната епоха на светската колонијална политика, која е најтесно сврзана со „најновиот степен во развитокот на капитализмот“, со финансискиот капитал.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
А од друга страна (и тоа место ние го сметаме за поважно), секое ново претпријатие, коа сака да застане на рамништето на гигантските претпријатија, создадени со концентрацијата, мора да произведува таков огромен одвишок производи, што продажбата со профит е можна само ако необично се зголеми побарувачката, а во спротивен случај тој одвишок од производи ги намалува цените до рамниште кое не е поволно за новата фабрика, ниту за монополистичките сојузи“.
„Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот“ од В. И. Ленин (1917)
Ние сме луѓе бедни, сиромаси.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЗАФИР: Не чини. Побратимот болен лежи, а ние: удри на песни.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
НАЦА: Да речеш, ние го облекуваме, а тој само: на рака, на нога, на шија!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Каков светец, таков четец, ајде! Ајде, Стојанке, да гледаме и ние ваму, да направиме нешто! (Излегува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
МИТРЕ: (пие од пагурчето и му го подава, преку огништето, на Котета). Земи, Коте, напи се. Ние забораваме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Челик сме бре ние!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Повеќе