овргали (св.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Застана на прагот забајден без да знае што станува со него, се поприбра малку и ги овргали очите низ порта.
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Овој се намурти кога Анѓа го фрли ибрикот и стана простум, тресејќи ја својата побелена брада со јад и силно се провикна           – Тука да се донесе таа кучка врзана – и строго ѝ се овргли на Ајша, оваа излезе низ вратата.
        
      
    
    
    
      „Калеш Анѓа“
         од Стале Попов 
        (1958)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Толе ги овргали големите очи и му се загледа право во устата.
        
      
    
    
    
      „Толе Паша“
         од Стале Попов 
        (1976)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          — Му се овргали јузбашијата и нареди да го кутнат и бијат.' Списка Милан колку грло што го држеше, повеќе за да чујат четниците отколку од болките, но беше веќе доцна.
        
      
    
    
    
      „Толе Паша“
         од Стале Попов 
        (1976)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          — Му се овргали право в очи, и како на дедот Јована преѓеска што му удри една клоца во слабината, сега и на Бојка му удри една уште посилна меѓу нозе, та, макар да беше силен, млад и јак не помалку од Брниклијата, Бојко се фати за удреното место и се свитка на тревата крај дедот Јована.
        
      
    
    
    
      „Толе Паша“
         од Стале Попов 
        (1976)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тој само ќе ја поткрене главата, сета со крв и со модрици, и ќе ги овргали очите.
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Останав со крената рака и со очи овргалени на прозорецот.
        
      
    
    
    
      „Небеска Тимјановна“
         од Петре М. Андреевски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Како пред голема, неочекувана добивка на среќата, куклата овргали:  - Вие не само што сте многу привлечен, туку и опасно духовит, неверојатно шармантен.
        
      
    
    
    
      „Авантурите на Дедо Мраз“
         од Ристо Давчевски 
        (1997)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Вака, овргалени, како на був на пладне.
        
      
    
    
    
      „Авантурите на Дедо Мраз“
         од Ристо Давчевски 
        (1997)
        
        
    
    
   
   
         
	        