одора (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Опколен од сите страни со злато, дијаманти, смарагди, златни султански одори, човек не може да ѝ се противстави на мислата за величината на една многувековна империја, но тоа асоцира и на една тешка судбина на рајата, која ги создавале тие богатства а умирала гладна.
        
      
    
    
    
      „Патувања“
         од Никола Кирков 
        (1982)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Големиот Брат е одората во која Партијата се претставува себеси пред светот.
        
      
    
    
    
      „1984“
         од Џорџ Орвел 
        (1998)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Архангел Гаврил, во муслинска одора, цврсти крилја, раката испружена кон неа. Ѝ носи вест.
        
      
    
    
    
      „Одбрани драми“
         од Горан Стефановски 
        (2008)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Данте му земаше мерка  на Бонифацио за новата ѓаволска одора која ќе биде  моден хит идната есен.
        
      
    
    
    
      „Светилничар“
         од Ристо Лазаров 
        (2013)
        
        
    
    
   
   
         
	        