перуника (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се мрцкаш и слушаш: - Јас ѝ велам јариче, таа ми вели кукурек, а јас  ѝ велам потполошка и синоличка и перуника и божурика и змијско грозје, а таа ми вели: змија да те касне, здрав да не си!
        
      
    
    
    
      „Пиреј“
         од Петре М. Андреевски 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Се поздравуваат со Дај Бог, често се крстуваат со Перун и Митра, во нивна чест, во чест на овие старославјански божества, садат перуника и ги виткаат портите, вратите и прозорците на куќите со зеленило.
        
      
    
    
    
      „Потковица на смртта и надежта“
         од Миле Неделкоски 
        (1986)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          (Старецот Лозан Перуника му раскажува во 1913 година на некој писмен калуѓер или поп Доситеј Давидовски што се случило еднаш, тогаш.)
        
      
    
    
    
      „Тврдоглави“
         од Славко Јаневски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          - Можам да појдам. - Тежок си. Коњот ќе пукне под тебе. Ќе појде Лозан Перуника.
        
      
    
    
    
      „Тврдоглави“
         од Славко Јаневски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тој проклет Арсо! Вепар, огнен ветар, врколак! Лозан Перуника ја зграпчил секирата од земја и му ја забуцал в тил. 
        
      
    
    
    
      „Тврдоглави“
         од Славко Јаневски 
        (1990)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тревникот беше обрабен со цветни леи, главно со перуники и кринови, првите веќе прецветуваа, а вторите беа во полн цут.
        
      
    
    
    
      „Невестата на доселеникот“
         од Стојан Христов 
        (2010)
        
        
    
    
   
   
         
	        