разголување (ср.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Тие велат дека разголувањето е неволен                               чин.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 4-5“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Дефиницијата од речникот е речиси иста но ниедна од овие дефиниции не ни го понудува она за што зборуваат клиентите; т.е., клиентите велат дека на разголување ги гони некаква присила: неможност да се одолее на импулс, нагон, или                               искушение да се изведе некоја акција која ќе ѝ наштети на индивидуата или на другите.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 4-5“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Еднаш, кога се крена нејасна врева против младиот директор на фабриката за женска конфекција Нетковски, кој во многу модели храбро го истакнуваше разголувањето, таа низ насмевка забележа: „А што очекувавте вие?
        
      
    
    
    
      „Синот“
         од Србо Ивановски 
        (2006)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Момент на вистината. Моронодебилен квиз за разголување на својата погана душа за пишливи пари на кој шансите да ги добиеш се 1%, а шансите да ти фаќа сеир целото маало се 99%.
        
      
    
    
    
      „Двоглед“
         од Горан Јанкуловски 
        (2011)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Високите температури беа причина за разголување на младоста.
        
      
    
    
    
      „Последната алка“
         од Стојан Арсиќ 
        (2013)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Потоа, стана збор за облекувањето. - Нема разголување, отворени деколтеа, тесно припиени фармерки и така сѐ до десеттата заповед.
        
      
    
    
    
      „Последната алка“
         од Стојан Арсиќ 
        (2013)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Онаа втората по ниедна цена не ѝ дозволуваше разголување на скриените страсти.
        
      
    
    
    
      „Последната алка“
         од Стојан Арсиќ 
        (2013)
        
        
    
    
   
   
         
	        