рециклажа (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Понекогаш                   ја замислувам Америка како гигантска смукалка, машина за рециклажа,                   која вцицува сѐ на што ќе наиде а назад исфрла заводливи вреќи со                   ѓубре. Trash-от овде е подигнат на ниво на космички принцип: ѓубрето                   се произведува за да се конзумира, ѓубрето се фрла за да се произведува                   повторно. Trash-от е насекаде, trash-от е генетската шифра на човечкиот                   вид кого што Америка најјасно го препознала.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 8-9“
        
        (1994)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Во оваа   точка го правиме отстапувањето од Дерида - кому, се разбира, пак   ќе му се вратиме затоа што целиов текст всушност е рециклажа на   некои негови ставови: мултимедијалноста, оној „етер“ меѓу медиите   во акција, е таа деридијанска рамка, parergon.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА  бр. 26-28“
        
        (1996)