рзнува (несв.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Коњите под нив ’рзнуваат, копаат камен со копитата и не мрдаат од место.
        
      
    
    
    
      „Кловнови и луѓе“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
      
        
        
              
          И пак бегав а зад мене биеја чапунките на ноќта- бик и `рзнуваа ноздрите искри, страв, олово.
        
      
    
    
    
      „Кловнови и луѓе“
         од Славко Јаневски 
        (1956)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Еден од нив, аптекар во куси пиџами со многу разнобојни риги, се сети чувствувајќи дека гласот морничаво му пробива низ сета негова кожа:  „Како в штала“ , па по него се сеќаваа и двајцата скарани:  „Коњ! `Рзнува во број 8. Кај оној со избричено теме.“
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          „Точно е, јас `рзнувам“, претече во него се. „И лајам како мачката на еден Каин и еден Авел.“  „Па?„  Адвентистот гледаше во него, во својата смрт, беше слаб и набиен в кожурец на неизлез, беше бессилен дури и да помоли за милост.
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Овој Исус ноќе `рзнува и ги прогони соседите. Затоа и не е Исус од мајка гулабица.
        
      
    
    
    
      „Месечар“
         од Славко Јаневски 
        (1959)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          И пак бегав, а зад мене биеја чапунките на ноќта - бик и 'рзнуваа ноздрите, искри, страв, олово.
        
      
    
    
    
      „Забранета одаја“
         од Славко Јаневски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Еби го со колот в грклан, И за побратимот Пеце, Убиваше, сега умира и моча под себе, Убавина, ова е убавина, Му го фатив јазикот, помогнете ми да му го извлечам од уста, - но дел од оние што не можеле да се допрат до глекавиот куп месо и крвиште јуреле кон белецот и го заплиснале со секири и го боделе со колови, и тој белец, со богата грива но веќе со неколку црвени риги преку кожата, 'рзнувал и се пропнувал пред безмилоста сѐ додека не ги оставил уздите на жилавата гранка, да ѝ се извлече крвав на одмаздата и да ги остави луѓето со запенети муцки, и тие со една и само своја реченица: Имавме секири, ножеви, колови, сега имаме пушка и јатаган и уште двајца мртовци, Коњот не требеше, животинка е, И коњите не им се поарни, носам јас на грбов стари удари на копита, А мене денес копито ме поткачи по коленово, Можело и погоре, имаш пет деца, Молкни, секирава моја уште е жедна.
        
      
    
    
    
      „Тврдоглави“
         од Славко Јаневски 
        (1990)
        
        
    
    
   
   
         
	        