ркач (м.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          17. Намерно не ви кажав а ќе ви кажам оти од вас ништо не кријам  Дека се случуваше понекогаш да се состават некои парченца  Од моите соништа од циклусот за пропаднатите империи  И тогаш ќе го видев Цезар како ’рчи  Ако не знаевте Цезар се брои како голем светски ’ркач  А неговата љубовница Сервилија Цепонис мајката на Брут  После ноќното следување бегала во соседната просторија  Знаејќи дека Божјиот син спие гласно  И дека молежливото опоменување ’рчиш Цезаре не помага  И ќе го видев Цезар како плаче како мало дете  Кога ќе се разбуди испотен и сам  Плаче ту за малку мајчинска нежност ту за капка врело млеко од кобила
        
      
    
    
    
      „Сонот на коалата“
         од Ристо Лазаров 
        (2009)
        
        
    
    
   
   
         
	        