слабо (прил.)

АРСО: (Пивнува.) А, без гајле пиј, чорбаџи Теодосе, крстено — водичка. Право да ти кажам, кум Поцко, виното ти е слабо. (Му намигнува.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Малцина бевме, многу гоневме, и бевме слабо наоружани, но пак разбивме наши душмани.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Седнавме под кралскиот бронзен јавач, запаливме една цигара и пушејќи сите од неа го гледавме слабо осветлениот плоштад по кој врвеа минувачи и трепетливи сенки и ту луѓето во сенките се заплеткуваа, ту тие во луѓето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Поранешните свои школски другари слабо ги сретнував: Димка само понекогаш, Антета скоро никогаш; тој работеше во некое кино од утро до мрак.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
За да не ја гледа Анѓа, тој слабо идеше дома, испраќајќи го момокот Кулета, а самиот остануваше да спие со аргатите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јован требаше да им биде кодош кај Доста, кај Батанџиовите невести, кај Дунава Макрева, кај Бојана Жиовката; па дури и кај Рожденката, ама слабо поминаа кај сите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Решетките се силни, тоа е слабо, колата продолжува.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се врати внатре да си ги земе очилата, зашто веќе беше стар и без очила слабо гледаше, па излезе надвор на светлост и ја прочита пораката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Еден пајдос кога Толе се накашла трипати, му се запули едно детиште во очите и му намигна со левото око, но Толе не му обрна внимание, бидејќи истото беше толку младо и толку слабо, та на Толета му беше просто неверојатно и да помисли дека тоа дете ќе може да издржи такви напори и ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разбра работата по цело Битолско — Прилепско Поле, а во Мариово веќе слабо се решаваа Турци да навлезат во помал број.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И слабо кој направи понекој мал истап, кои истапи јузбашијата уште во почетокот ги ликвидираше разумно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ти си слабо облечена, - ми зборуваше таа, прегрнувајќи ме преку рамото, како да сакаше да ме стопли.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Повторно седнува свртена кон мене. – Зошто не се облечеш – гласот ми звучи придушено, слабо.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Така на пример, веќе во самата хиероглифика кен , „јакослабо“, се кине на кен, „јако“, и кан, „слабо“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Всушност, тој збор не означувал ниту „јако“ ниту „слабо“, туку врската меѓу тие две и нивната разлика од која двете рамномерно настануваат...“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Слабо тој се грижи за личниот опис на читателот, бидејќи верува во таинствената мерка со повеќе облици која во поголемиот број случаи стои како добро скроена облека, и затоа не треба да се пропушти теренот ниту на доаѓање ниту на заминување: помеѓу него и другите ќе се создаде мост секогаш кога текстот ќе се роди од семе а не од калем.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Гронинг: Немав никакви филтери. Местото беше доста нагиздено и слабо испланирано.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа објава, според традиционалната мистика, долго време остана скриена под велот на заборавените јазици - во египетските хиероглифи, меѓу келтските руна, во пергаментите на слабо познатите религии на Азија.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Да споменеме уште, Stelarc врз основа на своето усмерување во перформансот развива и вистинска философија на технолошки модифицираното човечко тело: „Телото изразува недостаток на модуларен дизајн и неговиот премногу активен имунолошки систем ја отежнува размената на органи коишто слабо функционираат.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пораснав на јуфки и попара. Во Пасажот Шоазел нема многу глетки на природата? Нема ниту една. Бевте париско дете, кое слабо знае за природата, чистиот воздух.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Повеќе