тангира несв.

тангира (несв.)

Документаристичкиот приод во градењето на романот се отсликува и во цитирањето на познатите документи кои тангираат конкретни личности или настани за кои станува збор, и нивното присуство во народната песна, кон која Николески има посебен респект.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
После воведот, а пред изложувањето на корпусот интервјуа, даден е кус преглед на македонската регулатива за работните спорови, од сите [материјално-правни и процесно-правни] закони кои ја тангираат оваа проблематика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Британската дипломатија, и покрај нејзините настојувања да биде во тек со сите прашања што ја тангираа, сепак не можела да добие информации за одредени настани кои се воделе „тајно“, меѓу комунистички контролираните лидери во југоисточна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Освен оние закони кои директно ги тангираат работничките права, ќе бидат обработени и останатите закони кои во себе влучуваат одредби значајни за остварувањето на правата од работен однос.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со ставовите 2 и 3 од овој амандман се врши дополнително проширување на надлежноста на Уставниот суд, но тие не се предмет на оваа студија, бидејќи на директен начин не ги тангираат работничките права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)