уверливост (ж.)
      
      
        
          
          
        
        
              
          Внимавај на распоредот, архитектонската постапка, инструментацијата, но плени се од возбудливоста и уверливоста на кажаното.
        
      
    
    
    
      „Младиот мајстор на играта“
         од Александар Прокопиев 
        (1983)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Најпосле зошто не би било така: вистината е понекогаш во уверливоста на она што ни го раскажале и во она што други го слушале од нас кога сме умееле да раскажуваме.
        
      
    
    
    
      „Забранета одаја“
         од Славко Јаневски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          А со очи веќе го бара стопанот со недопуштена стутканост на лицето: не му се нужни парите зашто ќе му остане часовникот за кој, итречки но без уверливост, сака да докаже дека е од злато.
        
      
    
    
    
      „Забранета одаја“
         од Славко Јаневски 
        (1988)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          Но приказните ја губат својата уверливост, кога реалниот свет ги остава широко    распространетите визии далеку зад себе.
        
      
    
    
    
      „МАРГИНА бр. 17-18“
        
        (1995)
        
        
    
    
  
      
      
        
          
          
        
        
              
          На прочитанот научен труд му недостасуваше крунскиот податок кој ќе ги збогатеше со бесприговорна уверливост податоците на почитуваниот монах.
        
      
    
    
    
      „Желките од рајската градина“
         од Србо Ивановски 
        (2010)