фигура (ж.)

Во темниот празен квадрат стои подгрбавена страшно долгата фигура на чичко ми.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Смешно фрлајќи ги нозете во скинати калоши натака-навака минуваше покрај дуќаните и на свој начин тргуваше покажувајќи ги гипсените фигури: - Народе, една златна помпадур - две чашки ракија, Толстој, гроф и писател, и неговото величество Александар Први - три чашки...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѕвездата му се гаснеше. Ми личеше на скршена порцеланска фигура на оној Пенчо, што го познавав, му завидував и се одушевував од него, пукна пред мене и ја откри својата празнотија.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А кога на дваесет и трети јули луѓето ќе ја сретнеа неговата бледа, безначјана фигура, не знаеја ништо за таа смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јастребот беше поитар од нив; крчмарот, жолтата бавна фигура зад црно тезге, покорно го служеше и беше исплашен од неговиот клун со пламен ноздри.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Изгризената козирка од стариот, безбоен каскет, кој секогаш му стоеше искривен на главата и му го поклопуваше увото, ја дополнуваше неговата жалослива, дури по малку и смешна фигура.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Неговата мала, валчеста фигура со силно истурениот мев напред постојано се вртеше лево и десно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во градинката, пред куќата, седеше сега, во широк, плетен стол, убава, стројна женска фигура.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Накострешената фигура на Глигора заплашувајќи се наведна над чуварот и овој се посмали и стивна.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги гледа тенките фигури на келнерите како бргу потрчуваат меѓу тркалезните црвени глави, растурени по масите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се поткренаа наведнати фигури, отпрвин лабаво и тешко, заврзаа оро.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Татковците им донесоа многу играчки, бонбони во светликава хартија, и разни фигури што можеа да се обесат на елката.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Високо под облаците чучулигата изведуваше нови летачки фигури.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Прво ги снема сите подвижни и неподвижни фигури што во текот на ноќта му се причинуваа и виде дека ридот под нив е гол сѐ до подножјето каде што почнуваа лозјата и бавчите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Шефот извесно време гледа во високата фигура на машиновозачот, потем со глава му дава знак да седне во една од многуте фотељи и самиот станува.
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Само впечатливата, крупна фигура на шумарот се издвојуваше од присутните.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Уште ако ја дадеме неговата јако развиена телесна градба ќе ни биде јасно зошто толку голема беше неговата фигура во очите на тие што имаа работа со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Се изнавика Пере и којзнае дали не ќе ја дотераа работата до оружје да не се испречи на среде Толевата огромна фигура.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со секое издлабено делче во дрвото, со секоја направена фигура, се качуваш стапка по стапка по овие угорници, ги искачуваш овие височини кон кои си тргнал и по кои те искачува делото...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Последица на транзитивноста во поезијата се демотивацијата и произволноста на звуковната подлога на јазикот; - поезијата е акустична супстанца, уметност на фонацијата; - поетскиот јазик стои вон противречноста: вистина – не – вистина; - поетскиот текст со своите поетски фигури претставува елемент на изненадување, што ја зголемува непредвидливоста а тоа доведува до пораст на ентропијата; - одредени поетски содржини бараат одредени метрички типови; - неискажливо во поезијата не постои во чиста состојба; - поетскиот јазик не го карактеризира синонимијата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Повеќе