ха-ха (изв.)

Ха-ха-ха ... Гледате ли? Кој може мене да ме уништи? Бегалците занемеа во уплав.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Се загледа во едната, се загледа во другата, се поистави еден чекор назад, ги протрлка очите, кои му се навирија со солзи од напрегнатото ѕурење, промижурка со клепките, ги скрсти рацете, на градите, и почна да се клешти од смеа: – Ха-ха-ха-ха! Ха-ха-ха-ха!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Ха, ха! Тоа што го бараш, не е можно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ха-ха, опасни сте вие, таму долу...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Подобро гледај ме како го работам ова, можеби нешто ќе научиш, хахахаха! Смотан! 142 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лобо: Хаха! А знаеш ли од што најмногу би се запрепастиле?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој го гледаше само искосо старшијата. - Само да тепате... Ха... в участок... Отепајте ме... Можете...
„Послание“ од Блаже Конески (2008)