јарк прид.
јарка ж.

јарк (прид.)

ЛУКОВ: Па сепак... доста е нешто да Ве потсети на него и тој веднаш јарко да се открие во Вашите сеќавања?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И глас надоаѓа од оној ист рид од кај што сакав да те преселам во земја онокрајна во миг светлина кога ме осветли јарка Ти, таму на север, неподвижна како лузна, како костур, а јас – на твојот југ кружам од рид на рид, од брег на брег жив во дамнината.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Невидливото во поезијата е материја во која и запирката претставува ту оган, ту тага, ту некоја јарка боја навезена на работ на облеката.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Јарки се боите на сликите од првиот допир на македонскиот поет, од неговата прва средба со нив под небото на неговата татковина.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во минатиот век, особено во наше доба, во напорот да се докучи смислата на првиот допир, да се согледаат одново острите граници и јарки бои со помош на кои првата слика се населува во потсвеста, голем список меѓу нив и творци од епохално значење за творештвото, направија обид да создаваат и по пат на психеделичкиот фактор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но, едно катче, во дното на кафеаната, сето е во духот на „Фауст“, зашто по ѕидиштата, со јарко изразени бои се прикажани сцени од баханалиите на „Валпургиската ноќ“ од „Фауст“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сега, точно на залез, јарко блеснува крстот на една камбанарија и една птица само ќе прелета од чардакот и ќе застане на крстот.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Низ долги опити тој виде дека буквата И создава црвена боја па долго иеше врз него, сѐ дури едно утро листенцата не запеаја во јарко црвени гласови.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
„Простодушната отвореност, подвижноста и јарки, јарки бои”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
30. По тротоарите има многу кучешки измет во јарки бои: окер, сива, железно-жолта, сиена, зеленикава, темна слонова коска, црвена.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Па што бара сонцето кај смртта дома? Се затемнува ли како осветлен филм или блеснува јарко небаре животот е пладне створено за излив на крвта?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Само отров на куќниот праг ситен прашок компирова златица зрнца солна киселина, пипс и питроид: само безброј залудни барикади затворени прозорци јарко сонце: само споменот на Елизабета и египетско-римската сценографија.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
2. Мојата приказна „Стасав во последен миг, но сепак го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш: - самрачна светлост, неспокоен сјај и јарка нестивната страст која се одразува врз сѐ и во сѐ и сѐ превреднува, како премрежје - сетне, интензивен спој вибрации збрани на едно место налик на грст значења вкрстени во еден единствен збор (о, парадоксално блаженство на хомонимијата - си реков и почувствував дека допираат до тебе моите помисли, надтежнати од профаност занесени по светост изострени од долгото 'рвење меѓу принудата и поривот меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Околу него е послано од круши - некои се јарко жолти, некои веќе гнијат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ноктите ѝ се јарко маникирани, носи златни гривни што сега одеднаш блеснуваат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)