јато ср.
јаток м.

јато (ср.)

Беше тихо и пространо, сонцето грееше а далеку над Огражден се гонеа по прозрачното небо јата бели пувкави облаци. – Кај се губиш, Белич? – го наруши Мече прв молчењето. – Те барам толку време, а тебе никаде те нема.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Загледај во сите осамени, сите разделени, и сите ледени врвои и сите ливади зелени, и чуј - додека твоето крило над нив морно се вие како немирно во нив моето срце бие! Не слетувај галебе мој, врати се пак во јатото.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Падна на ридот, еден штрк сонува брегови зелени. Му сѐ привидува дека е пак со јатата иселени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Кога јатото се изгуби зад редот на оревовите џиновски стебла, некаде кон сувиот поток, лисицата ги допре на земја цицките и сети болка од надојденото млеко; го подуши млакиот воздух и појде кон длабочината на шумата барајќи непроодни места за да го прикрие патот до своето легло.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во леарниците, каде што се правеа куршуми, постојано пламтеа огнови и од оџаците се креваа јата бели, светли искри.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Само игличестиот напор во него претчувствува бавни ѕвона на бавни јата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но тоа не е сенка од дим, туку сенка од јато бели галеби што прелетуваат над дреите, што се белеат на песочето крај езерото.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Високо, над срамежливоста на хоризонтот, пливаше во ретка разблажена крв, непознато, тромаво јато со неми клунови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Празничниот ден почна со неколку густи и брзи јата сини гулаби.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во водата, до самата куќа, јато црни птици дрско вртат со главите на високите непријатни вратови. - Норови!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По небото, како синџир едноподруго летаа јата диви гуски. Гра-гру! Гра-гру! - се носеше нивното гракање во синиот небесен простор...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Есента настапи... Јата диви гуски летаа на југ.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А во тихите вечери, кога над реката се вртеа јата комарци, а рибите скокаа по нив, дедо Гога стоеше на дрвениот мост очекувајќи да ја види и необичната риба што скока повисоко од сите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Човекот сепак е човек и го бара своето место меѓу луѓето. Како птица своето јато.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не сети кога заспа. Последното сеќавање од таа разјужена ноќ беше крикот на некој осамен жерав што го беше изгубил јатото и осамен кружеше над долината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Издржи, издржи! Стигни го своето јато!“ викаше во мислите Бојан, загрижен за судбината на осамениот жерав.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нови јата риби надоаѓаа и пласкаа во плитката вода крај брегот, прпелкаа како фатени во мрежа: се пикааа во трските, во шеварот, во водните растенија и испуштаа чудни шумови и клобурци над водата; шумеше водата како подземни извори да се креваат; пиштеа галебите и сите езерски птици кружејќи и налетувајќи на рибите; трчаа луѓето, довлечкуваа кошници, сепетки, кошови, вреќи, и ги полнеа со риби; довлечкуваа и магариња, коњи, ги товареа со риби, се грабаа меѓу себе, се караа, се пикаа во езерото, заграбуваа поголеми и попресни риби; ги соблекуваа кошулите, панталоните и со нив фаќаа за да не им се лизгаат рибите од раце; се крвавеа во прстите од нивните перки, од нивните крлушки, удираа по нив со ости, со вили, со виљушки врзани на стап за да ги скротат и да не им бегаат од раце; се мешаше водата со крвта од рибите и од рацете на луѓето.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но тогаш дојдоа мравки црни петна врз бела руба тревата да ја влечат во дупките и птиците во јата се нафрлија на дворот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во него се рони јатото на спомените.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Повеќе