боја
  
     
     
  
  
      
          
             мн. бои
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 473
	    
	
    
    
      
          1.
          Впечатокот што го остава на очите обоеноста на предметот.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              За килимот употребуваше волна во различни бои. 
	              
	            
	          
	            
	              Сината боја ги опушта нервите, виолетовата боја внесува нерасположение, тажно чувство, црвената боја буди страст, љубов.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Материјал со кој се бои, бојосува.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Таа употребуваше само природни бои за своите слики. 
	              
	            
	          
	            
	              боја за чевли
	              
	            
	          
	            
	              темперни бои
	              
	            
	          
	            
	              анилински бои
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  фарба (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Обележје на народ, знаме.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Националните бои ги брани тимот на „Кометал“. 
	              
	            
	          
	            
	              Тие ќе ги бранат боите на нашата земја.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  знаме (ср.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Изглед на кожата, посебно на лицето, тен, изглед, надворешност.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Му се врати бојата. 
	              
	            
	          
	            
	              Нездравата боја на лицето ја правеше уште послаба. 
	              
	            
	          
	            
	              Димко се возбуди, почна да ги менува боите на лицето, се вцрви, па побледе. 
	              
	            
	          
	            
	              Има здрава боја.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  тен (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Впечаток што го прави на слухот тонот, израз што се појавува во гласот, звукот, карактеристика на гласот.
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    impression
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                ngjyra e zërit
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Му се смени бојата на гласот и тој збунето застана. 
	              
	            
	          
	            
	              Се мачеше да се сети на бојата на гласот на Роска.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  впечаток (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          Политичко и класно, идејно обележје, идеен став, убедување, уверување, мислење.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Текстот има политичка боја. 
	              
	            
	          
	            
	              Пиесата добива извесна социјална боја.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  обележје (ср.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          7.
          Стилски изразни обележја на уметничко дело.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Во тоа се крие автентичната боја на неговите текстови. 
	              
	            
	          
	            
	              Сите обичаи што се вршат за здравјето на луѓето, за плодноста на стоката, покрај пригоден карактер во песната имаат и интимна боја.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  карактер (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Премачкан со сите бои - многу итар, многу вешт.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        