вовлече
  
    
    
  
  
      
          
            
              вовлечат; вовлечи, вовлечете; вовлеков, вовлекоа; вовлекол, вовлекле; вовлечев, вовлечеа; вовлечел; вовлечен
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 3311
	    
	
    
    
      
          1.
          Внесе, втера некого некаде со влечење.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Жената ме вовлече во куќата. 
	              
	            
	          
	            
	              Лисицата ја вовлече кокошката во своето дувло.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Стави, вовре нешто некаде.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Го вовлекол прстот под коланот. 
	              
	            
	          
	            
	              Ја вовлече пушката во една кола.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  вовре (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Повлече, собере нешто навнатре.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ја вовлече главата во јакната од шинелата. 
	              
	            
	          
	            
	              Вовлечете го стомакот колку што можете.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          Вдише воздух, чад.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Вовлече еден долг дим. 
	              
	            
	          
	            
	              Започна да вовлечува воздух.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  вдише (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          Вклучи, вмеша некого во нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Во друштвото го вовлекоа двајца негови пријатели. 
	              
	            
	          
	            
	              Го вовлече во разговорот. 
	              
	            
	          
	            
	              Ќе го вовлечам во некој грабеж.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  вмеша (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          6.
          (се вовлече) Се вовре, се пикне, се смести некаде.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Незабележано се вовлековме во спалната. 
	              
	            
	          
	            
	              Се вовлеков под покривките.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  пикне (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          7.
          (се вовлече) Се облече, се навре, се собере во нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Се вовлече во сивото палто.
	              
	            
	          
	            
	              Се напнуваше да се вовлече во кренатата јака.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  навлезе (св.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          8.
          (се вовлече) навлезе, продре
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Чадот од цигарите се вовлечуваше насекаде.
	              
	            
	          
	            
	              Се вовлече во себе - стане недоверлив, се оддели од луѓето.