земе
земат; земи, земете; зеде; зедовме, зедоа, зедоа; зел, зеле; (ќе) земев, (ќе) земеа; (ќе) земел; земен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 141
1.
Фати, подигне, прибере со рацете.
Примери:
Ги зеде книгите од масата и излезе.
Земи ја чашата.
2.
употреби, користи
Примери:
Таа зеде таблета против главоболка.
Зедоа одмор и заминаа на море.
Слично со:
употреби (св.)
3.
Поведе, одведе, однесе со себе.
Примери:
Таа заминала и ги зела децата со себе.
Тој ги зел парите и заминал.
Слично со:
однесе (св.)
4.
Одземе, присвои нешто туѓо.
Англиски:
appropriate
Албански:
merr, konfiskoj
Новата власт им го зеде дуќанот.
Ја пресретнале некои дечишта и ѝ ја зеле чантата.
Слично со:
одземе (св.)
5.
Купи, набави нешто.
Англиски:
buy
Албански:
marr, blej
Зедовме дрва за огрев.
Си зедоа нови чевли.
6.
Прими на работа, назначи на служба некого.
Англиски:
employ
Албански:
merr, pranoj
Тие зедоа куќна помошничка.
Мајсторот си зеде калфа.
Го зеде за свој личен секретар.
Слично со:
вработи (св.)
7.
Најми, се услужи со некое превозно средство.
Примери:
Земи такси и дојди веднаш.
Слично со:
најми (св.)
8.
Добие, освои (награда, власт).
Примери:
Непријателот не успеа да го земе градот.
Слично со:
освои (св.)
9.
Стапи во брачен однос.
Примери:
Тој ја зеде за жена девојката со која се забавуваше долги години.
10.
Избере нешто за работа, се задржи на нешто.
Англиски:
choose
Албански:
merr, zgjedh
Таа зеде матурска тема.
Слично со:
избере (св.)
11.
Спечали, добие како приход.
Англиски:
earn
Албански:
merr, fitoj
Годинава од јаболката зедовме најмногу досега.
Слично со:
спечали (св.)
12.
претпостави
Англиски:
assume
Албански:
merr, supozoj
Еве да земеме дека е така како што велиш.
Слично со:
претпостави (св.)
13.
Почне, фати да прави нешто.
Англиски:
begin
Албански:
zë, filloj
Застана под прозорецот и зеде да вика.
Зеде да брои.
14.
(Како вовед во реченица во служба на партикула за потсилување)
Примери:
Зеде, та ја продаде куќата.
15.
(се земе) Се фати за рака еден со друг.
Примери:
Братчето и сестричето се зедоа за рака и си тргнаа.
Слично со:
фати (св.)
16.
(се земе) Стапи во брак.
Англиски:
marry
Албански:
merr. martoj
Тие се забавуваа многу години и конечно се зедоа.
17.
(Ми, ти, му ... се земе) Изгуби нешто од себе.
Примери:
Ми се зеде здивот.
Му се зеде виделото.
Ѝ се зеде умот.
Слично со:
изгуби (св.)
Изрази
Земе обврска - се обврзе.
Земе збор - јавно настапи.
Му го зеде зборот од уста - превари во кажувањето на иста мисла.
Го зеде матната - пропадна.
Го зеде на грб - преземе одговорност за некого.
Го зеде на око - обележи некого со цел да му наштети.
Го зеде на душа - наштети, нанесе некому неправда, виновен е за нечија смрт.
Зеде збогум - се прости од некого.
Зеде предвид - има на ум.
Изведенки
земање ср.
глаг. им.
Израз: Давање - земање - блиски, пријателски односи.
глаг. им.
Израз: Давање - земање - блиски, пријателски односи.