образ
  
     
     
  
  
      
          
             мн. образи
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 1097
	    
	
    
    
      
          1.
          Едната страна од лицето на човекот.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Имаше лузна на десниот образ. 
	              
	            
	          
	            
	              Го бакна во образот. 
	              
	            
	          
	            
	              Ги избриша солзите од образите.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Предниот дел од главата на човекот.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Сонцето му го запали образот. 
	              
	            
	          
	            
	              Отиде на реката да си измие образ.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  лице (ср.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          слика, лик, изглед
        
         
	          
	          
	             
	              Англиски:
                  
                    image
                  
	            
	          
			  
	             
	              
			        
			      
			        Албански:
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
			        
			      
				  
  	                fytyrë, figurë
				  
	            
			  
			  
           
             
               
           
         
	              Материјален образ. 
	              
	            
	          
	            
	              На прозорецот се појави образ од старец.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          чест, здобиена почит
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој е човек без образ. 
	              
	            
	          
	            
	              Веќе нема образ да се појави таму. 
	              
	            
	          
	            
	              Зарем уште имаш образ да зборуваш?
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
      Изрази
      
        
          
            Нема ни срам ни образ - за дрзок, безобразен човек.
          
      
        
          
            Го обели образот - направи нешто добро, чесно, постапи правилно, подигне нечиј углед.
          
      
        
          
            Го изгуби образот - ја изгуби честа, почитта.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          обравче ср.
мн. обравчиња
          
          
          
        
      
        мн. обравчиња
          
          2. 
          образе ср.
мн. образиња
          
          
          
        
      
    
мн. образиња
 
   
         
	        