тон
  
     
     
  
  
      
          
            мн. тонови
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 1390
	    
	
    
    
      
          1.
          Музички звук со определена височина. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              акорд од четири тона
	              
	            
	          
	            
	              низок тон, висок тон
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  звук (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Интервал на гамата, кој се состои од два полутона и што се зема како единица при определувањето на разликите на звуците по височина.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              За два тона подолу.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          (едн.) Карактер, нијанса на гласот, на речта, интонација, звучење на нешто. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Со другарски, пријателски, заповеднички тон.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  нијанса (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          4.
          Начин на постапување. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Добар тон (пристојно однесување, такт).
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  однесување (ср.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          5.
          (во сликарството) Боја, дејствувањето на сите бои на една слика. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              мек тон, нежен тон
	              
	            
	          
	            
	              сив тон, светли тонови
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  боја (ж.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
       
   
         
	        