член
  
    
    
  
  
      
          
            мн. членови
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, машки род
    
    
	    
	      Ранг: 309
	    
	
    
    
      
          1.
          Одделно лице од определена заедница; лице што влегува во составот на организација или колективно тело. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Нашето семејство се состои од три члена. 
	              
	            
	          
	            
	              член на партијата
	              
	            
	          
	            
	              Член на едно друштво, здружение и сл.
	              
	            
	          
	            
	              Член на управниот одбор, на работничкиот совет, на комисија итн.
	              
	            
	          
	            
	              (дописен) член на академија
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Како дел од човечкото тело со определена функција - обично во множина.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Тој изгледаше јак, и покрај своите ситни членови.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  Слично со: 
		    
			  дел (м.)
			  
			
		    
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
      
          3.
          Дел помеѓу два зглоба, состава во телото на живи суштества и кај растенијата.
        
         
          
		  
		  
          4.
          Дел од текст на закон, договори и сл. кој има своја нумерација. 
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Нашиот правилник се состои од 12 члена.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          Член на прогресија, сразмер, бином, трином итн.